четврток, 22 октомври, 2020

Путин ќе ја прими руската вакцина – потоа ќе замине во друга држава

Рускиот претседател Владимир Путин планира да се вакцинира со новата руска вакцина против коронавирус „Спутник V“, изјави денеска неговиот портпарол Дмитриј Песков.

Тој планирал вакцинирањето да го направи пред да замине во официјална посета на Јужна Кореја, каде треба да се сретне со лидерот Мун Џае-ин, додаде Песков, пренесен од Тасс.

-Путин вчера доби покана од неговиот јужнокорејски колега и потврди дека дефинитивно ќе ја прифати поканата кога ќе се вакцинира, рече Песков, но Кремљ не открива кога ќе дојде до официјалната посета.

Јужнокорејската агенција Јонхап вчера јави дека двајцата лидери во телефонски разговарале и се согласиле Путин да ја посети оваа азиска земја по стабилизирањето на состојбата со коронавирусот.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!