среда, 21 октомври, 2020

Cмpтнocтa од корона вирусот до јуни била три пати поголема отколку што се објавувало, тврди епидемиологот Кон од Србија

Епидемиологот и член на Кризниот штаб во Србија во битката со пандемијата предизвикана од коронавирусот, Предраг Кон гостувајќи во „Преглед на денот’ изјавил дека според неговите истражувања на податоците од Градскиот завод за јавно здравје, од март до јуни годинава имало три пати повеќе смртни случаи отколку што системот преброил и официјално се објавени. за ваквото разидување со бројките Кон потенцирал дека постоел и проблем со информатичкиот систем.

-Сега можам да тврдам дека податоците кои се објавуваат се прближни и многу точни – изјавил Кон пренесуваат медиумите од соседството.

Неделникот НИН објави дека во јули кога Србија се соочуваше со нов бран од коронавирусот дека биле направени најмалку сто илјади тестови помалку отколку што покажувале официјалните податоци.

Кога стануцва збор за заразените лица од коронавирусот бројката била мнгу намалена.

-Мора да се разбере дека постои нешто што се применува, а ние прв пат користиме информатички систем. Тој ситем во еден момент, период не беше доволно прецизен. Не можам да тврдам зошто.

Но, од средината на јуни тој е многу прецизен. Испитувањето на сето она што се случуваше можеш јасно да се види дека се разликува со она што го работевме ние на ниво на Белград, а посебно околу смртните случаи.

-Бројот на починатите лица не може прецизно да се прикаже доколку не помине одреден период. Потребни се два месеци за да се евидентираат податоците со впишување на смртните случаи. Сега треба да стасаат податоците за јуни.

-Јас ги обработив податоците до јуни месец и најкратко да ви кажам три пати имало повеќе смртни случаи отколку што писмено е пријавено. Тоа се случува редовно – изјавил Кон.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!