среда, 21 октомври, 2020

Димитровска погоди за победа во дербито – Саса се враќа на лидерската позиција

Македонскиот женски фудбал, барем клупскиот добива се повеќе на квалитет. Од сезона во сезона се повеќе се инвестира во млади и домашни играчи, поради што за прв пат ќе имаме интересна и крајно неизвесна сезона.

Ако од претходно се знаеше дека еден од клубовите сериозно се истакнува за кандидат за титулата во домашното првенство, оваа сезона повеќе тимови имаат амбиција за првото место, но и со игрите кои ги покажуваат, јасно е дека ништо нема да биде познато до самиот крај.

Денес дерби натпреварот се играше помеѓу актуелниот шампион ЖФК Каменица Саса и досега непобедената екипа на ЖФК Деспина Прилеп. Двете екипи ги краси нападот и знаат лесно да погодат, што не беше случај и во меѓусебната пресметка.

Тимот на Деспина Прилеп во Каменица пристигна со максимален број на победи, шест во исто толку натпревари. Домаќинот пак имаше пораз од Тиверија, поради што победата беше императив.

Поради позитивни на Ковид-19, во тимот на Саса недостигаа неколку стандардни играчи. Гостите за нијанса имаа повеќе од играта, имаа и неколку убави шанси за гол. Сепак, единствениот гол за победа, вреден големи три бодови за домаќинот се дело на Ана Димитровска од пенал.

Заплетот на табелата се очекува да продолжи во наредното коло, каде уште еден кандидат за највисок пласман, тимот на Тиверија ќе ги одмери силите со Деспина Прилеп.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!