среда, 21 октомври, 2020

„Ако биде потребно ќе бидат повикани резервистите“: Што точно значи воена состојба?

Прогласувањето на воена состојба во Азербејџан не подразбира мобилизација ширум земјата, порача денеска портпаролот на азербејџанската државна служба за мобилизација и регрутирање на војска.

Тој објаснил дека е прогласена воена состојба во Азербејџан, но дека не е објавена општа мобилизација.

– Ако биде потребно, според сегашните закони, резервистите ќе бидат повикани да учествуваат во мерките за одржување на одбраната и безбедноста на земјата, рекол тој.

Утринава избија судири меѓу ерменските и азербејџанските сили околу Нагорно-Карабах, регион со мнозинство ерменски жители, кој прогласи независност од Азербејџан во 90-тите години.

Владата на Ерменија прогласи воена состојба и општа мобилизација, заради ескалацијата на судирите во Нагорно-Карабах, а истото го направи и Азербејџан.

Извор: СЛОБОДЕН ПЕЧАТ

Коментари

коментари

error: Content is protected !!