понеделник, 19 април, 2021

Се олабавуваат мерките: Соседна држава го укина ПЦР тестот – можете да одите транзит без негативен тест

Иако се повеќе се најавува дека оваа есен ќе има нов силен удар од корона вирусот, дел од државите и натаму ги олабавуваат мерките и протоколите во борба со вирусот.

Еден од најголемите проблеми со кои се соочуваме во Македонија е патувањето надвор од државата. Воопшто не е едноставно да патувате во друга државата – затоа што речиси сегде бараат негативен ПЦР тест или пак да останете во карантин од 14 денови.

Затоа – радува фактот кога се дознава дека соседните држави се одлучуваат да ги олабават мерките.

Владата на Косово донесе одлука за укинување на негативниот ПЦР тест за транзит. Граѓаните кои со возило преминуваат низ Косово кон некоја друга држава се должни да потпишат само изјава дека во рок од 3 часа ќе ја напуштат територијата на Косово. Оние пак, кои треба да патуваат преку Меѓународниот аеродром „Адем Јашари“ во Приштина, мора на граница да прикажат авио-билет. Тестот останува задолжителен во случај граѓаните што не се од Косово да сакаат да се задржат на територијата на државата.

Одлуки на Владата на Косово:

-Негативен ПЦР тест не е потребен за: -Граѓани на странски држави кои преминуваат од една гранична точка до друга копнена или воздушна точка –За професионални превозници (возачи) —За организиран јавен превоз со редовни меѓународни транзитни линии

А, утре во Скопје за укинување на негативниот ПЦР тест ќе расправаат и здравствените власти во нашата земја. Извори од Комисијата за заразни болести за Алсат велат дека на првиот состанок следнава недела на Владата ќе ѝ се препорача да го укине тестот.

Ваквата одлука ќе следува по бројните реакции во јавноста, но и по барањето на Стопанските комори од Северна Македонија и Косово кои нивните проблеми ги адресираа во владите на двете земји и дипломатските претставништва поради големите економски загуби.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!