недела, 28 февруари, 2021

Страшни бројки: Од 100 пациенти на респиратор во Македонија – преживеале само 4

Од стотина пациенти со Ковид 19 кои биле на респиратор, преживеале само четворица. Тие веќе се на домашно лекување а битката за живот ја воделе во ГОБ 8-ми септември. На Инфективна, од 33ца кои морале да бидат приклучени на механичка вентилација сите починале. Само еден пациент успеале да го симнат од апарат кај кој подоцна смртта настапила од мозочен удар, известува телевизија Сител.

По бројот на починати Македонија е меѓу првите во Европа. Во 8ми септември се регистрирани најмногу смртни случаи од корона – 255, а тоа е околу 10 проценти од хоспитализираните изминатите 6 месеци. Дел од нив не ни стигнале да ги сместат на интензивна и починале уште во тријажниот центар.

-Доаѓаат многу доцна, во многу тешка состојба со многу ниска сатурација и дел починале уште во Ургентен. Ние примавме голем број пациенти од цела држава и тоа во многу лоша состојба, мораше и дел да бидат на респиратор, вели др. Христијан Костов директор на ГОБ 8-ми септември.

И во 8-ми септември прават анализа за зголемената смртност и како ги третирале пациентите. Уверуваат дека кај сите болни ги применувале протоколите кои ги користат и светските болници. Кај помладите кои ја изгубија битката со вирусот причина биле и претходните заболувања.

-Со тешка состојба, пневмонии, и терапиите се согласно протоколите. Мора и антибиотици бидејќи на вирусот може да се накалеми и бактерија, но постапуваме согласно она што го применуваат и во другите земји, вели Костов.

Околу 150 пациенти со Ковид 19 починале нив болниците во внатрешноста а 16 во приватни здравствени установи. И додека директорите ги прават анализите, надворешни експерти се загрижени од големата смртност и бараат одговори каква терапија добиваат болните и кој одговара за тоа.

-Велиме вирус а добиваат по два или три антибиотици и тоа едно со друго не иде. Антибиотик е за бактерија, вели проф. Др. Вело Марковски, инфектолог.

-Дали има еден протокол за сите пациенти и кој го поставува тоа, вели проф. Др. Никола Пановски, микробиолог.

Во болницата 8ми септември која беше најголем ковид центар, во моментот има 34 пациенти со корона вирусот. Сите 2000 пациенти кои биле хоспитализирани досега не плаќаат ништо за болничкиот третман. Како повреда на работа ја третираат и заразата кај здравствени работници кои имаат 100 процентно боледување.

Извор: Сител

Коментари

коментари

error: Content is protected !!