Најнова вест: МВР го врати убиецот на Саздо од Германија!

Денеска од Германија, како што дознава Канал 5 од свои извори во полицијата, е екстрадиран Ј.Љ. (21) од Скопје, осомничен за уб-ис-т-во-то на Никола Саздовски Саздо на 29.06.2018, кој веднаш по уб-ис-тв-о-то избега од државата.

Македонската полиција, по распишаната меѓународна потерница активно трагаше по Ј.Љ и откако бил лоциран, била контактирана германската полиција која го привела.

Од МВР потврдуваат дека лицето Ј.Љ е екстрадирано. По него беше распишана потерница, а го фатила германската полиција.

-Денеска ( 21.09.2020) од Германија во Република Северна Македонија е екстрадиран Ј.Љ. (21)од Скопје, осомничен дека сторил кривично дело „убиство“ односно на 29.06.2018 околу 17.35 часот во Скопје заедно со Б.Б. и С.Д. го нападнале Н.С., кој починал од нанесените повреди. За Ј.Љ. беше распишана меѓународна потерница на барање на ОЈО Скопје. Секторот за меѓународна полициска соработка при МВР презеде соодветни мерки и активности и со активна потрага по него, односно по негово лоцирање, разменети се информации со германската полиција, по што лицето беше приведено од германската полиција, а потоа и преземени соодветни мерки и активности за негово испорачување во Република Северна Македонија- стои во соопштението на МВР.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!