четврток, 22 октомври, 2020

(ФОТО) Се омажи љубовницата на Шабан: Цуца го заборави кралот на народната музика и облече венчаница

Пејачката Ивона Неговановиќ Цуца на својот Инстаграм профил објави фотографија на која е во венчаница, а покрај неа наводно е и нејзиниот сопруг.

Се чини дека Цуца ја најде својата сродна душа и се омажи, а објави фотографија на која позира во прекрасна елегантна венчаница.

Сепак, пејачката не напиша ништо покрај фотографијата, додека можноста за коментар беше исклучена, а не наведе ниту кој е авторот на фотографијата.

Инаку јавноста ја познава Цуца како долгогодишна љубовница на кралот на народната музика Шабан Шаулиќ. Додека беше жив медиумите постојано објавуваа за нивната наводна врска.

Таа минатата година во едно интервју истакна дека со Шабан Шаулиќ поминала 15 години и истакна дека со него никогаш не била од интерес за пари, туку од љубов.

–Никогаш не барав ниту примав пари од него, или да сум барала нешто скапо да ми купува. Тоа никогаш. Живеев со него заради љубов и тоа беше доволно за мене, имам и син од него. Тој ми носеше храна од нивната куќата и на Гордана, а за мене беше специјално спремена храната која беше потоа донесена во Крчедин, обично беше подготвена од домашната помошничка Вида, па дури и од неговата сестра Сарајка.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!