среда, 21 октомври, 2020

Владата најавува: Ќе се отворат ШЕСТ гранични премини

Ова, според министерот Османи, е дел од првиот приоритет на МНР во мандатот, а тоа се односите со соседите.

Отворање шест нови гранични премини на нашата земја со соседите е амбицијата која како еден од приоритетите се наоѓа на агендата на Министерството за надворешни работи.

Министерот Бујар Османи, образложувајќи ги планираните активности во овој мандат, ги издвои односите со соседите за стабилно и долгорочно пријателство на врвот, потоа финализирање на преговорите со ЕУ и поставување систем за политичко водење на преговорите согласно новата методологија, учество во регионалната стабилност како искрен и стабилен партнер на САД и ЕУ, ревитализација и засилување на економската дипломатија…

„Додека бев вицепремиер за европски прашања користев една изрека која што во СЕП беше испишана на едно пано на сите јазици од регионот и оди вака: ‘Убаво е да имаш добри соседи, но вистинска победа е да ги имаш за пријатели’.

-Денес, откако практично ги затворивме или можеби подобро во поактуелен контекст ги врамивме сите отворени прашања со соседите пред нас е отвора предизвикот да го преминеме скалилото на добрососедство, да ги отвориме можностите на длабоко и долгорочно пријателство“, рече Османи, посочувајќи посебно на Договорот за добрососедство со Бугарија и Договорот за стратешко партнерство со Грција.

Меѓу активностите на регионален план, во првите 100 дена од Владата тој најави и формирање на канцеларии за младинска соработка меѓу земјава и Грција кои ќе овозможат размена на искуства и поврзување на младите од двете земји и силна посветеност кон суштински придонес на Берлинскиот процес, како проект кој треба да се реализира во рамките на заедничкото копретседавање со Самитот во Софија на 10 ноември.

Османи е оптимист дека проблемот кој се наметна по бугарскиот меморандум за блокада ќе се надмине преку дијалог и нема да биде загрозено отпочнувањето на преговорите со Европската Унија.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!