среда, 21 октомври, 2020

ВИДЕО: Погледнете од лице место – како изгледа населбата на Јанкуловска, секој автомобил детално се проверува

Околу зградата во која живее екс министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, има зголемено просуство на полиција.

Се вршат патроли, се проверува секое возило кое ќе помине во овој дел, јавува репортерот на ТВ21.

Гордана Јанкулоска треба да оди во затвор за случајот „Тенк“, а Врховен суд вчера ја потврди одлуката на Апелација.

Јанкулоска, пак, преку „Фејсбук“ порача дека за толку полиција нема потреба, и дека таа е дома со семејството и нема намера да бега.

Нема потреба од спектакли, опсада на зградата во која живеам, вознемирување и претресување на соседите. Ако некој ме бара јас сум дома и на крај памет не ми паѓа некаде да бегам. Ништо не е поскапоцено од секој момент поминат со семејството, напиша таа.

Видеото од населбата кај Јанкулоска, поранешната министерка во МВР – од ТВ21, погледнете го ОВДЕ.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!