среда, 21 октомври, 2020

Трагедија вечерва на гинекологија – починаа родилка и нејзиното бебе

Родилка и нејзиното бебе починале вечерва на Клиниката за гинекологија и акушерство во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, пренесува Канал 5.

Врз мајката вчера бил спроведен царски рез и било констатирано дека бебето е мртво. Случајот за Канал 5 го потврдил директорката Викторија Јовановска.

Станувало збор за родилка на која и било 12-та бременост, и до сега имала шест абортуси и шест раѓања.

Родилката вчера била донесена на Гинекологија, и било направено „це-те-ге“, и било соопштено од лекарите да се врати за еден час на уште една проверка.

Но родилката, наводно, веќе заминала дома и по два часа родителката прокрвавела и се вратила во Клиниката.

Повеќе детали директорката најавила за утре, јавува Канал5.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!