среда, 21 октомври, 2020

Јанкулоска се огласи: Ваква реакција не очекуваше никој – КОЈ САКА НЕКА ДОЈДЕ

Синоќа некои новинари предупредија дека МВР е многу внимателна, односно се внимава Јанкуловска да не избега.

Карши МВР; на улица Димитар Мирчев 9 вечерва е претресувана секоја кола. Ја бараат ГОРДЕ. Здувна ли,- напиша новинарот Зоран Божиновски.

Екс-министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, за која Врховниот суд вчера донесе одлука дека жалбата е одбиена, и дека мора да оди во затвор за случајот „Тенк“, се огласи преку својот профил на „Фејсбук“.

Таа истакна дека никаде не бега, дека се наоѓа дома, и дека нема потреба од спектакли и опсада во зградата во која живее. Таа објави и фотографија на која се гледа полициско возило пред нејзината зграда.

„Нема потреба од спектакли, опсада на зградата во која живеам, вознемирување и претресување на соседите. Ако некој ме бара јас сум дома и на крај памет не ми паѓа некаде да бегам. Ништо не е поскапоцено од секој момент поминат со семејството.“, напиша Јанкулоска.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!