среда, 21 октомври, 2020

АМЕРИКА СЕ ТРЕСЕ: На Доналд Трамп му бил пратен подарок со отpов

На претседателот Доналд Трамп му бил испратен пакет кој содржел отров рицин, пренесува Си-Ен-Ен.

За овој случај известиле двајца полициски службеници. Направени се два теста за да се потврди присуството на отвровната супстанца. ФБИ и тајната служба го истражуваат случајот.

Не е познато кој го испратил, но еден официјален претставник за Њујорк Тајмс изјави дека пакетот потекнува од Канада.

Целата пошта која приситгнува во Белата Куќа најпрво се прегледува надвор од објектот, пред да се однесе во претседателската резиденција.

Рицин е високо токсично соединение од семето рицинус кое се користи на терористички завери. Може да се користи во облик на прашок, капсули, дим и киселина.

Ако се конзумира, предизвикува мачнина, повраќање, внатрешно крварење на цревата, предизвикува откажување на црниот дроб, бубрезите и настапува смрт поради пореметување на циркулацијата.

Трамп и Редфилд со различни ставови околу термините за широка вакцинација на населението

Вакцината за корона вирус ќе биде достапна во ноември или декември, но во ограничени количини. Ова го изјави директорот на Центарот за контрола на болести (CDC) во своето сведочење пред Конгресот. Сепак, тој рече дека широката вакцинација на американското население ќе се случува многу подоцна.

„Мислам дека веројатно ќе биде кон крајот на вториот квартал или третиот квартал од 2021-та“ – вели Роберт Редфилд, директор на CDC.

Само неколку часа подоцна Доналд Трамп го демантираше експертот именуван лично од него.

„Мислам дека направи грешка кога го рече тоа, тоа е неточна информација. Му се јавив и не ми го кажа тоа, мислам дека ја сфати пораката, можеби е збунет, можеби е погрешно кажано. Ние сме подготвени веднаш да почнеме кога ќе биде објавена вакцината, а тоа може да биде во октомври“ – рече Доналд Трамп, претседател на САД.

Американскиот одговор на Ковид-19 е клучно прашање во претседателската кампања и Трамп вели дека вакцината може да биде готова до денот на изборите.

Претседателот исто така контрираше и на тврдењето на директорот на CDC дека маските се докажано ефикасни и дека може да претставуваат подобра заштита од евентуална вакцина.

Во гостување на телевизијата ABC Трамп рече дека корона вирусот ќе исчезне и без вакцина тврдејќи дека граѓаните на крајот ќе развијат колективен имунитет.

Тоа се постигнува кога значителен процент од населението станува имуно со што се намалува веројатноста од инфекција и кај оние кои немаат имунитет.

„Единствениот начин на кој може да постигнете колективен имунитет без вакцина е доколку вирусот сѐ направи сам, вирусот мора да инфицира многумина и многумина да разболи, да завршат во болница. Би имале многу смртни случаи кај сите возрасни групи – деца, млади и секако многу возрасни и луѓе со хронични болести. Не, не го сакаме тоа“ – вели д-р Вилијам Шафнер, Универзитет Вандербилт.

Во обид да направи контраст на пристапот кон пандемијата што го има Трамп, Бајден изложи свој план за дистрибуција на вакцината доколку тој победи на изборите.

„Тоа вклучува детална рамка кога населението ќе ја добие вакцината, јасна распределба на приоритетите за луѓето што ќе ја добијат, специфични средства и механизми за достава и складирање на вакцината на соодветна температура. Две од овие вакцини, доколку бидат одобрени, ќе треба да бидат складирани на -56 степени. Распределбата на одговорноста на секое ниво на власта мора да биде јасна, а јас ќе го обезбедам потребното лидерство за спроведување на тој план“ – рече Џо Бајден, претседателски кандидат од Демократската Партија.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!