Ниту еден историчар во Македонија нема да потпише дека Гоце Делчев е Бугарин – рече Ѓорѓиев

Во комисијата не се преговара за идентитетот на Гоце Делчев, ниеден историчар во Македонија нема да потпише дека Делчев е Бугарин, рече вечерва професорот и член на мешовитата комисија со Бугарија, Ванчо Ѓорѓиев, во емисијата „Што не е јасно?“.

-Ниту во нивните предлози немаат кажано дека Гоце Делчев е Бугарин оти знаат на што ќе наиде тоа, но во другите елементи се прекршуваат многу други копја, односно предложуваат работи кои мислат дека еве можеби ќе помине. Иако бугарските колеги се чукаат во гради со моќни изјави надвор, свесни дека тоа и не е баш така.

-Не случајно е избран Делчев бидејќи тој е најважниот лик за македонската историја. Има две препораки до двете влади, и се однесуваат на тоа зошто евентуално за Гоце Делчев би можело да се положи цвеќе заедно некаде, некогаш.

-Се злоупотребува прикаската за историјата, бришење и пишење учебници, но не, науката воопшто не подлежи на никаква цензура, критика, не смее ни да помисли некој. Ги следиме учебниците во рамки на комисијата, но тоа се елементарни познавања а не сериозна наука, вели Ѓорѓиев.

Тој смета дека стратешки се форсира ликот и делото на Делчев од страна на бугарските колеги историчари, но не директно преку идентитетот, туку поинаку.

-Колегите од истокот мислат дека ако преку тоа што ќе инсистираат на заедничко чествување на одредени ликови и празници, во иднина ќе не „ослободат“ од некакви заблуди, и дека можеби некој ќе се осознае некогаш дека не е македонец туку бугарин, додава Ѓорѓиев.

Димитров: Соседите да не нѐ доведуваат во ситуација да имаме фуснота на јазикот

Заслужуваме нашите соседи да не нѐ доведуваат во ситуација да имаме некаква фуснота на јазикот, вели во вечерашното гостување во емисијата „360 Степени“ на Алсат вицепремиерот за европски прашања, Никола Димитров, во одговор на прашањето – дали би прифатил јазикот да биде одбележан со фуснота, односно објаснување – „согласно Уставот на Република Северна Македонија.

„Македонскиот јазик е наша работа. Нас не ни требаат печати од други држави, признавања или непризнавања. И како што ние не се мешаме во работи коишто можеби им се свети или многу важни на нашите комшии, мислам дека е легитимно да очекуваме ист третман и кон нас“, рече Димитров.

„Меѓудругото, Бугарија, од членот два од договорот за добрососедство и пријателство има обврска и да ни помага во процесот на европска интеграција…овој тон и определени тврдења не помагаат. Прават пречки“, вели Димитров.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!