среда, 21 октомври, 2020

Масовни aпceњa во Турција, Белорусија ги затвора своите граници

Турската полиција и турските тајни служби денес уапcиja повеќе од сто активни вojници и офицери за наводни врски со проповедникот Фетулах Ѓулен, објави новинската агенција Анадолија.

Ѓулен, кој живее во САД, и неговата организација се обвинети од турските власти за создавање на „паралелна држава“ во Турција. Исто така, овие сили стојат зад неуспешниот обид за државен удар во 2016 година, смета официјална Анкара.

Тогаш починаа околу 250 луѓе. И покрај барањата на Анкара и на Ердоган, САД и Трамп не го испорачаа Ѓулен што доведе до влошување на односите помеѓу Турција и САД.

Неодамна, обвинителството во Истанбул издаде наредба за апсење на 132 лица, од кои повеќето се воени лица и офицери. Најверојатно во турската армија постојат структури кои и понатаму не се согласуваат со политиката на Ердоган.

Белорусија ја затвора границата со Западот, односно со Полска и, ја зајакнува безбедноста на границата со Украина. Оваа одлука на Минск следува по признавањето на опозицискиот координационен совет на Белорусија од страна на Европската комисија за времен представник на народот на Белорусија.

Белорусија исто така ќе ја испрати половина од својата армија на границите со овие држави.

„Ние сме принудени да ги повлечеме војниците од улиците. Како што веќе реков, да ја ставиме армијата под оружје и да ја затвориме државната граница со Западот, пред се со Литванија и Полска. Ние сме принудени да ја зајакнеме државната граница, за наше огромно жалење, со нашата братска Украина“, рече Лукашенко.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!