четврток, 22 октомври, 2020

Поради Јокиќ – Лејкерс ќе ја менуваат играта под кошевите

Тренероот на Лос Анџелес Лејкерс, Френк Вогел, изјави дека е воодушевен од играта на центарот на Денвер, Никола Јокиќ и токму поради него, „езерџиите“ ќе мора да ја сменат стратегијата од серијата со Хјустон. Таа промена значи дека сега Лејекрс ќе мора да ги користат своите високи играчи многу повеќе во текот на секој меч за да можат да му се спротивстават на неверојатниот српски ас.

Центрите на тимот од Калифорнија, МекГи и Двајт Хауард, добија заедно само 23 минути во четирите победи на Лејкерс над „ракетите“ во полуфиналето на конференцијата.

„Јокиќ е еден од најуникатните играчи во светот. Може да ве удри на кој било начин. Тој има можност да шутира за тројка, да игра под кош и во транзиција, а неговите додавања се посебна приказна… Неговото присуство ќе ја направи серијата малку поинаква, дури и доста поинаква. Ќе мора да ги користиме нашите центри, не сакам да навлегувам во детали, но ќе бидеме ЛА Лејкерс, каков што бевме цела сезона“, вели Вогел.

Извор: СПОРЕДМЕДИА.мк

Коментари

коментари

error: Content is protected !!