понеделник, 25 октомври, 2021

Е ова е вистински потег: Граѓаните во акција – Време е за спас на Преспанско езеро

Поздрав до сите. Малку ќе биде долга објавава ама ве замолувам да ја прочитате до крај. Последниве денови интензивно зборуваме за ситуацијата со Преспанското Езеро која е крајно загрижувачка. Мислам дека е апсолутно непотребно и дури глупаво да се препукуваме на што се должи намалувањето на нивото и што треба итно да се преземе.

За првото нема точен одговор и веројатно е комбинација од природни и антропогени фактори, а за второто не сме експерти (барем повеќето од нас). Истотака не е продуктивно да се сведува само на политика бидејќи сите влади во последниве 30 или 40 години откако почна да се намалува нивото на езерото според мене не направија ништо да ја подобрат ситуацијата. Сега е дојдено до критично ниво и оваа Влада или ќе направи нешто или ќе го изгубиме езерото.

-Еве кои се´ причини беа наведени во Групава од разни членови, да резимирам и да имаме појдовна точка. Грците го празнат езерото.

-Има мали хидроцентрали кои не дозволуваат водата да се влева во езерото од притоките.

-Сериозна и долготрајна суша.

-Зголемено испарување заради покачувањето на температурите односно климатски промени.

-Геохидролошки промени во подземните карстни канали преку кои од Преспа водата истекува во Охрид.

-Исрцрпување на водата од езерото и подземните води близу езерото со цел на наводнување на земјоделски површини.

-Господ не´ казнува заради Преспанскиот договор.

Наместо да кукаме во групава и да се потресуваме на сликите (за моите пролиените солзи еве ќе преќутам) дајте да преземеме нешто. Во моментов подготвувам петиција до владата и наскоро ќе ви ја пратам да ја потпишете. Треба се се контактираат и научни институции и секако медиуми во земјата и странство. Повеќе од 130000 луѓе има во групава. Дајте ако меѓу нас има или познавате експерти (на пр. геолози, хидролози), влијателни луѓе, политичари…пишете на [email protected]

Препраќајте!!! Срдечен поздрав ди сите.

Ааа, не се претставив. Јас сум Надежда Апостолова, факултетски професор по биомедицински науки и активист волонтер за животната средина во слободно време.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!