понеделник, 21 септември, 2020

Ова се ДЕТАЛИТЕ: Еве како да станете дел од АРМИЈАТА на Македонија

Министерството за одбрана објави оглас за прием на 200 професионални војници на служба во македонската армијата, за работа на определено работно време со договор за вработување во времетраење од четири години со можност за негово продолжување, најмногу до навршување на 45 години возраст.

Во огласот соти дека кандидатите треба да се државјани на Република Северна Македонија, да се полнолетни, да имаат посебна здравствена и физичка способност, да имаат завршено средно образование и да не се постари од 25 години на денот на завршувањето на огласот за прием на професионални војници.

Работното време е од 8 часот до 16 часот. Платата изнесува над 25.000 денари, со дополнителни над 8.000 денари трошоци за станбено обезбедување по навршување на 4 години служба во Армијата.

Лицата кои се здравствено осигурани и ќе приложат потврда издадена од матичен лекар за поседување на општа здравствена способност кон пријавата за прием на кандидати за професионални војници на служба во Армијата, нема да подлежат на почетни проверки за поседување на општа здравствена способност.

Лицата кои не се здравствено осигурани и согласно тоа, не се во можност да достават потврда од матичен лекар за поседување на општа здравствена способност кон пријавата за прием на кандидати за професионални војници на служба во Армијата, ќе бидат испратени на проверка на општата здравствена способност на Институтот за физиологија при Клинички центар – Скопје.

Во постапката за избор, проверката на физичката и здравствената способност на кандидатите за професионални војници на служба во Армијата, ќе биде извршена од страна на посебни комисии формирани од министерката за одбрана.

Кандидатите ќе подлежат на тестови за проверка на физичката подготвеност согласно Правилникот за начинот на одржување и проверка на физичката способност на активниот воен персонал на служба во Армијата на Република Македонија („Службен весник на Република Македонија“ бр.170/16)

Министерството за одбрана ги повикува и охрабрува девојките и жените кои ги исполнуваат условите да се пријават на јавниот оглас за прием на професионални војници во Армијата на Република Северна Македонија.

При вработувањето ќе се води сметка за соодветна и правична застапеност на граѓаните кои припаѓаат на сите заедници со почитување на критериумите на стручност и компетентност.

Јавниот оглас за прием на професионални војници ќе трае 15 дена вклучувајќи го денот на објавување, во најмалку два дневни весници од кои најмалку во еден од весниците што се издаваат на македонски јазик и еден од весниците што се издаваат на јазикот што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните кои зборуваат службен јазик различен од македонскиот јазик и интернет страната на Министерството за одбрана.

Сите детали во огласот може да ги видите ОВДЕ

Коментари

коментари

error: Content is protected !!