недела, 20 септември, 2020

Како мал многу ве телале, му рече Фуркан на Апасиев – следуваше драма

По исказот во ОЈО откако за него беа поднесени кривични пријави за говор на омраза, лидерот на Левица, Димитар Апасиев во изјава за медиумите кажа дека очекува обвинителството да биде ефективно како во неговиот случај, односно да поднесе кривични пријави за оние кои пукаа вечерта по изборите како и за оние кои во секој втор збор се закануваат со војна.

-Очекувам дека обвинителството вака ажурно како што постапува за мене ќе постапува и во случаите кога во наредната недела јас ќе поднесам кривични пријави за загрозување на сигурноста бидејќи добивам закани во тие постови особено кај една од пријавителките има закани по мојот живот и по животот на моето семејство, рече Апасиев.

-Исто така очекувам обвинителството да биде вака ефективно и за оние кои пукаа вечерта со калашникови по изборите како и за оние кои на секој втор збор се закануваат со војна, особено од албанскиот политички националистички кампус, кажа Апасиев.

Она што сите ги заинтересира е моментот кога доби прашање од новинарот Фуркан Салиу, кој на крајот од видеото го прашува и дали Апасиев како мал добивал ќотек, поради што вака се однесува јавно.

Еве што напиша Салиу:

Само погледнете какви проблеми и колку гнев може да предизвика еден фејсбук статус на лидер на партија кој што неговите психички проблеми ги манифестира јавно…

На Мерсиха и пишувале симпатизери на Апасиев, и ја навредувале, а не поминала полесно ниту сопругата на лидерот на Левица.

Не сакајќи, Апасиев направи одлична споредба помеѓу пукањето со калашников и говорот на омраза… ИСТО Е!

Левица требаше да биде партија различна од сите други политички субјекти, ама докажуваат дека се исти. Ниту еден од членовите не се спротивстави на ваквиот однос на лидерот на партијата, дури и го подржуваат.

Најжално ми беше кога видов која адвокатка го брани Апасиев… Разбирам дека работата на адвокатот е да го брани обвинетиот, ама Павлина Зефиќ на семинари организирани од Хелсиншкиот комитет, како студент ме учеше како треба да се почитуваат различностите.

Од морален аспект не би требало да застане до Апасиев. Но тоа е тоа, ако нешто научив од овие 6 години колку и работам како новинар, е тоа дека моралот, правдата и политиката не идат едно со друго.

Видеото погледнете го ОВДЕ.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!