недела, 20 септември, 2020

Груби: Признавам дека како Влада направивме една грешка ние од ДУИ

Задоволен сум од направеното но направивме грешка со ниту една жена како претставник од ДУИ не е дел од Владата, рече вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 првиот вицепремиер Артан Груби.

„Континуирано работиме на родовата еднаквост и задоволен сум од досега направеното, но направивме грешка што ниту една жена како претставник од ДУИ не е дел од Владата“, потенцираше Груби во „Click Plus“ на ТВ21.

„Поголемиот дел од програмата на новата Влада била координирана меѓу Груби и Николовски во консултации со Заев и Ахмети“, рече Груби во „Click Plus“ на ТВ21.

Груби во емисијата ги објаснуваше неговите ингенреции како прв вицепремиер и рече дека во Владата нема вето, туку одлуките се носат со консензус.

„Одлуките ги носиме заеднички и со консензус, односно сите членови на Владата и тоа функционира одлично во овие први три денели од формирањето“, потенцираше Груби во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21.

Позицијата прв вицепремиер се воведува за прв пат во Северна Македонија. За ова специјално беше изменет и деловникот за работа на владата, во кој е додаден зборот „прв“, пред функцијата „вицепремиер“ и е прецизирано дека, токму тој ќе го менува премиерот во негово отсуство.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!