понеделник, 21 септември, 2020

Дечкото што се мајтапеше со Брза помош сега си има работа со МВР – еве што му следува

Ова е само една од невкусните шеги на сметка на службата за Итна медицинска помош кои додека траат можат да чинат човечки животи.

Снимката, на која се гледа како младо момче се јавува на 194 и се шегува како да го згрешил бројот, а сака да добие протипожарна, првично е објавена на социјалната мрежа „ТИК ТОК“.

Од службата за Брза помош велат дека ова не е ниту близу до бизарните повици што речиси секојдневно ги добиваат. Скопјани на 194 се јавуваат и ако нема струја за да дознаат каде да се обратат, а почесто се лаже оти имало сообраќајка.

-Пример се јавуваат ако не си го знаат бројот бидејќи им е нов, за да прашаат која аптека работи, вели Маргарета Атанасовска – Трипуновска – Итна медицинска помош.

Разрешница за ваквите случаи кои од Итната служба постојано ги пријавуваат нема, ниту пак начин како да се лажните повици да се спречат, за најновиот случај се вмеша МВР и истиот е расчистен.

Министерството за внатрешни работи, попладнево информираше дека полициската станица Центар го расчисти случајот со лажното јавување во Итна медицинска помош, кој беше сниман и објавен на апликацијата Тик Ток на 13.09.2020, а беше споделен и на други социјални мрежи и против Х.К.(25) од с.Јурумлери, скопско, ќе поднесе соодветна пријава.

По објавувањето на видеото на апликацијата Тик Ток и други социјални мрежи, беа преземени мерки и беше констатирано дека Х.К. е лицето кое се јавува во службата за Итна медицинска помош Скопје, со што постапил спротивно на Законот за прекршоците против јавниот ред и мир, поточно член 16 бидејќи лажно повикувал на помош и пријавувал настан, се вели во соопштението од МВР.

На 15.09.2020 во 16.30 часот во просториите на Полициската станица Центар со лицето бил извршен разговор, при што тој појаснил дека на 13.09.2020 околу 02.00 часот, додека бил во парк во општина Аеродром и правел видео се јавил во Итната медицинска помош и го сторил делото, додаваат тие.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!