среда, 6 декември, 2023

МЗ излезе со ДЕТАЛИ за починатите пациенти на возраст од 23 и 29 години

Во изминатите 24 часа починаа девет пациенти заразени со Ковид-19, меѓу кои и две девојки на возраст од 23 и 29 години.

Од Министерството за здравство појаснуваат дека младите пациентки имале претходни заболувања.

Кај 23-годишната девојка смртта настапила нагло. Таа добила позитивен резултат на 5 септември, а претходно четири дена имала температура, кашлица и тешко дишење.

По една недела од позитивниот резултат, на 12 септември, била хоспитализирана на 12 септември на Инфективната клиника.

-Веднаш е класифицирана како тежок пациент, ставена е на кислород. Еден ден пред да настапи смрт, состојбата на пациентката се влошила со пад на сатурација, по што била ставена на неинвазивна вентилација (НИВ). Смртта настапила нагло. Пациентката имала коморбидитети, опериран тумор на хипофиза и морбус кушинг – ендоринолошко заболување, велат од Министерството за здравство.

Дваесет и деветгодишната девојка од Струмица починала во клиниката „Жан Митрев“. Заега е познато само дека имала заболувања на тироидната жлезда.

Во последните 24 часа се направени 1404 тестирања, а регистрирани се 98 нови случаи на Ковид-19.

Починати се 9 лица, од Крива Паланка (52г), двајца од Гостивар (60г и 62г), од Куманово (60г), од Велес (70г), двајца од Скопје (71г и 23г), двајца од Струмица (29г и 44г).

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 104 оздравени пациенти.

Досега во земјата се направени вкупно 167.760 тестирања на ковид -19. Нема тестирања во рамките на скринингот.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 15925, бројката на оздравени пациенти е 13418, на починати е 661, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 1846.

Коментари

коментари