Регистриран е првиот случај на дете позитивно на корона вирус во скопска градинка. Родителите го оденеле во градинка само на денот кога се отворија, а во јасл таму било само еден час на адаптација во јасли, пренесува Телма.
По некој ден тие им јавиле на негователките дека нема да го носат во градинка, затоа што не се чувствувало добро, јавуваат од градинката 13 ноември од Центар.

Симптомите поради вадење на заби, сепак родиле сомнеж дека можеби станува збор за присуство на вирусот. И кај едно годишното дете а и родителите по направениот тест е потврден КОВИД – 19.
Вчера е направена епидемиолошка анкета во јаслената група во градинкиата, па и децата и двете негователките од денеска се во самоизолација.

-Преземени се сите мерки за заштита од корона вирусот. Денеска имавме и две инспекции, од Центар за Јавно здравје и санитарна инспекција. Инспекторите немаа никакви забелешки, групата е затворена а во просториите беше направена дезинфекција уште вчера, соопштија од ЈДУГОЦ 13 Ноември.
Од здравствениот инспекторат пак , за Телма потврдија дека за една неделеа откако градинките повторно почнаа да згрижуваат деца позитивни на вирусот во се еден педагог и една негователка , а во изолација со решение се уште 5 негователки од земјава.
Извор: ТЕЛМА