недела, 20 септември, 2020

Најнова мерка: Кој не сака да носи маска – ќе КОПА ГРОБОBИ на починати од корона-вирус

Земјите во светот на различен начин се обидуваат да се справат со пандемијата поради корона вирусот. Се повеќе нејасни работи се појавуваат околу вирусот, трпението на луѓето е при крај, па сето тоа резултира со непочитување на мерките.

Луѓето имаат многу прашања, на кои веројатно нема одговори, па поради тоа ја сметаат за „лажна“ оваа болест. Ширум светот, секоја власт на различен начин се обидува да ги убеди граѓаните да ги почитуваат мерките, но врвот со сигурност е Индонезија. Зошто? Дознајте во продолжение.

Луѓето кои одбиваат да носат маска за да спречат ширење на коронавирусот во главниот град на Индонезија, Џакарта, може да бираат – или ќе платат парична казна или една минута да лежат во мртовечки сандак.

Некои луѓе избираат ковчег затоа што немаат пари да платат. Казната изнесува околу 14,35 евра. Индонезија има вкупно над 180.000 заразени и повеќе од 7.600 смртни случаи од Ковид-19.

Оваа мерка властите ја предложија пред околу 10-тина денови, но и таа не успеа – па им текна уште „полуда“.

Локалните власти во Индонезија сега им наредиле на неколку лица кои го прекршиле законот за носење маска да копаат гробови за починатите од Ковид-19.

Властите во една провинција во источна Јава казнија осум лица со тежок физички труд на локалните гробишта, за да направат пример од нив и да испратат порака до сите оние кои не сакаат да носат маски, пренесува „Њујорк пост“.

„Во моментот имаме само тројца копачи на гробови, затоа решивме да ги ангажираме и овие луѓе“, рекол претставник на локалната власт.

Индонезија досега има повеќе од 220.000 случаи на инфекција и скоро 9.000 смртни случаи.

„Се надевам дека ова ќе има влијание врз оние кои не сакаат да носат маски“, додал тој.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!