недела, 20 септември, 2020

Драмата продолжува: Надал го нападна Ѓоковиќ – не може да прави што сака

Најдобриот тенисер во светот, Новак Ѓоковиќ зборуваше за медиумите за неговата главна цел, која сака да ја оствари до крајот на кариерата. Ѓоковиќ на врвот на АТП-листата мина 286 недели, па така му се приближи на легендарниот Роџер Федерер, кој со 310 недели е на првото место.

„Моја најголема цел е да освојам најмногу гренслем-трофеи. Да го урнам рекордот на Федерер“, кажа Ѓоковиќ.

Србинот во моментов има 17 трофеи од гренслем-турнирите, односно два помалку од Рафаел Надал и три од рекордерот Федерер.

Новак Ѓоковиќ и дел од тенисерите формираа Здружение на професионалните тенисери (ПТПА) кое е независно од Асоцијацијата на тениски професионални (АТП) која има за цел борба за поголеми права на тенисерите.

Рафаел Надал излезе со свој став околу целата ситуација, дека во моментов поради сите проблеми со кои се соочува светот тенисерите треба да бидат здружени, а не да работата само за лични интереси.

„Го разбирам незадоволството на одделни спортисти кои со потпис го подржаа тој предлог, но тука постојат многу прашања без одговор. Плус мислам дека сега не е прав момент. Дури и да не сме во ситуација во која се наоѓаме сега, многу детали не се јасни. Исто така и некои работи не се поставени како што треба. На врвот на се поминуваме низ светска криза во секој аспект. Тешки се ова времиња за сите нас, тенисерите, организаторите… Треба да се држиме заедно, а не секој од нас да работи само за лични интереси“, изјави Надал.

Ролан Гарос му додели вајлд-карта на Енди Мареј

Освојувачот на Ју-Ес опен од 2012 и Вимблдон од 2013 и 2016 година ќе заигра на Ролан Гарос, кој е на распоред од 27 септември до 11 октомври, откако организаторите му доделија вајлд-карта.

Мареј претходните години имаше проблеми со повреди, а во моментов се наоѓа на 110. позиција на АТП-листата, додкеа најдобриот резултат на Ролан Гарос го оствари во 2016 година, кога во финалето загуби од Новак Ѓоковиќ.

Andy Murray of Great Britain reacts after missing a shot during his match against Daniil Medvedev of Russia at the Brisbane International tennis tournament in Brisbane, Australia, Wednesday, Jan. 2, 2019. (AP Photo/Tertius Pickard)

Поранешниот најдобар тенисер во светот играше со специјална покана и на годинешниот Ју-Ес опен, но беше поразен уште во второто коло.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!