недела, 20 септември, 2020

Шест месеци пола државна администрација седи дома и зема плата – ова ни во екс ЈУ го немаше!

Познатата новинарка Јорданка Ивановска-Јоци со најновиот статус успеа да погоди „во центар“. Нешто што многумина го мислат, но ретко кој се осмели да го каже.

Таа овојпат напиша статус посветен на државната администрација, барем за дел од вработените кои земаат плата од буџетот на државата. Еве што напиша таа:

-Шест месеци пола државна администрација седи дома и зема фул плата. Еееејјјј…6 месеци. Кај го има ова, ни во екс ЈУ го немаше⁉️ Си вадат куп дијагнози со врски и пари.

И за избори пола од таа половина си работеше партиски на терен за вмровци, бркаа победа на Мицкоски, пошто Груевски ја наполни администрација со партиски глупаци. Другата половина за СДСМ и ДУИ. И уште сакале да седат.

Важи. Седете. Ама со 70 отсто помалку плата. Две децении ве плаќам јас и сите кои работат приватно.

Оваа држава или ќе го среди овој паразитски живот за навек или за една година ќе банкротираме.

Приватната дејност ви полни Буџет. Ништо не добивме од државата за време на карантинот, освен кјурац, јасно?

Коментари

коментари

error: Content is protected !!