недела, 20 септември, 2020

Нема надеж за ТикТок: Продажбата би значела дека Пенгинг му се покорил на Вашингтон

Тензиите не престануваат да растат, а рокот за продожба е 15 септември…

Очигледно е дека ТикТок нема да се продаде на ниту една американска компанија. Компанијата „БајтДенс“, во чие сопствеништво е оваа апликација, има рок до утре, 15 септември, да одлучи дали ќе ја продаде или Белата куќа ќе стави вето на нејзиното користење во САД.

Меѓутоа, тоа не би било проблем за кинеската компанија, зошто властите од матичната земја нема да го кожат.

Имено, Пенкинг се противи на тоа „БајтДенс“ принудно да го продаде делот на Мајкрософт или Оракл (двата главни кандидати), сметајќи го тоа како слабо влијание во односот со Вашингтон, пренесува Ројтерс.

Рокот за продажба тече, а кинескиот гигант се најде „помеѓу два огна“: од една страна одлучноста на Трамп кој не се согласува на компромис, бидејќи вели дека ТикТок потенцијално ја загрозува националната безбедноста, а од друга страна Пекинг кој сака да ја одржи моќта над Америка.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!