недела, 20 септември, 2020

Имала 317 килограми на 23 години и не можела да влезе во купатило – Се капела во трем, а потоа…

Луис имала неверојатни 317 килограми на само 23 години. Како што му рекла на популарниот лекар Нау, таа секогаш се борела со килограмите, а сето тоа било поради тешкото детство, честите преселби и неможноста на едно место да стекне пријатели, па барала утеха во храната, пишува Точка.

„Се сеќавам дека и како дете единствено храната ми беше утеха. Пораснав со двајца родители зависници на дрога и постојано се селевме. Јас и мајка ми никогаш не се согласувавме, постојано беше лута и потоа бегав кај татко ми во гаража, каде тој ми даваше грицки и слатки“, вели Никол.

Уште како тинејџерка дошла до 317 килограми. Како што објаснила, уште тогаш не можела да застане во купатило, па морале да ја капат во дворот.

Додека била под строг надзор од д-р Нуа, за една година ослабнала 73 килограми. Меѓутоа, откако ја вратиле дома во Тексас, килограмите почнале да се враќаат.

Потоа во 2018-та година имала значаен напредок и решила по првпат после 4 години да се обиде да најде работа.

Во меѓувреме, се венчала и добила две деца, но ја тужела емисијата бидејќи, наводно не го почитувале договорот според кој би ѝ биле платени сите медицински трошоци, како и половина година трошоците за живот, кои им ги плаќаат на сите кандидати.

На Фејсбук редовно се огласува, но предизвикува и многу контроверзии, бидејќи одбива да покаже фотографии од целото тело, па фановите веруваат дека ѝ се вратила на старата тежина.

Никол инаку во светот остана запаметена токму по сцените од туширање во трем, бидејќи не може да застане во купатило. Неодамна зборувала и за тоа како дошло до тие сцени.

„Продуцентите секогаш во секоја емисија, меѓу останатото покажуваат и сцена од капење на кандидатите. Меѓутоа, кога дојдоа кај мене, им реков дека физички не можам да застанам во купатило и дека се капам во трем.

-Ми рекоа дека секако мора да снимаат, бидејќи таков е концептот на емисијата, го прикажуваат секој дел од секојдневието на кандидатот. Тоа ми беше многу понижувачки, но сепак се согласив на тоа.

Имав две опции – да одбијам и да останам без помош или да ‘стиснам заби’ и да се обидам со нивна помош целосно да си го променам животот“, рекла таа.

Извор: Точка.ком.мк

Коментари

коментари

error: Content is protected !!