недела, 20 септември, 2020

Случајот Навални и неговото влијание врз Руско-балканските односи

Според последните информации од болницата Шарите во Берлин, Навални е изведен од вештачката кома, се чувствува добро, може да разговара и се сеќава на се. Според извештајот од болницата Шарите, Навални ќе нема сериозни последици за своето здравје, дека тој сега е на 90% и дека е потребно време за да ја поврати физичката форма. Најверојатно деновиве Навални ќе даде своја изјава за целиот настан која може да ја расветли целата ситуација.

Случајот со труењето Алексеј Навални е централна тема во Европа и европските медиуми. Балканските медиуми, политичари, новинари исто така ја следат ситуацијата и даваат свои изјави и коментари во врска со целиот случај.

Димитрис Лиацос од Грција, независен новинар, експерт на оваа тема, ексклузивно за Читај.мк изјави „Никој не кажува едноставни и очигледни работи. Прво, во текот на четириесет часа во Сибир, откако неговиот живот беше спасен, целата руска и европска бирократија работеше така што Навални заврши во Берлин со шестчасовно запирање во Москва, не со цел да се реши некое бирократско прашање, туку за одмор на германските пилоти. Ако умреше во текот на овие шест часа, тогаш не знам што ќе се случеше во целиот свет. И кога ќе се разбудеа галантните германски пилоти, тие немаа ништо да имаат со тоа. Русија ќе биде виновна.

Зошто се случи и што точно се случи, не можам да кажам ништо во однос на тоа. Прво, потребно е да се почитува животот и здравјето на секој пациент, и само откако ќе се освести и ќе дојде при себе, потребно е од сите страни да се разгледа ова прашање и истото да се реши. Да се потсетиме на настаните што се случија пред две и пол години, кога имаше приказна со фамилијата Скрипал. Каде се тие сега, дали се живи и здрави? Тоа никој не го знае.

Навални и е потребен на Русија, а Западот отсекогаш барал света жртва во Русија со цел да го обвини руското раководство. Ова е само мое лично мислење. Дај Боже да е сè во ред со него“ – изјави Лиацос.

Балканските држави со исклучок на Турција и најверојатно Србија ќе ја следат официјалната политика и линија на Брисел во случајот на Алексеј Навални. Бугарија и една нејзина лабораторија дури учествуваа во размената на податоци и информации со болницата Шарите за откривање на средството со кое Навални е отруен. Низ територијата на Бугарија треба да минува главниот крак на гасоводот „Турски тек“ и Бугарија има сериозен интерес проектот да биде реализиран до крај.

Во Бугарија, која што има историски, економски и културни силни врски со Русија деновиве неколку политичари дадоа изјави за случајот со Алексеј Навални, од изјави со осуда на труењето на Навални и обвинување на Руската Федерација па се до изјави да се почека официјална истрага за целиот случај и да н се брза.

Заменик претседателката на политичката партија Љубомира Ганчева „АБВ – Алтернатива за бугарската преродба“ на својот Facebook профил напиша „Секој од нас треба да се грижи за здравјето на секој човек, независно дали неговото име е Навални или Николаев. Јас ја разбирам тревогата на фамилијата Навални, јас ја разбирам загриженоста на неговите следбеници и поддржувачи.“

Тврдењето на Навални дека се бори против корупцијата заслужува почит. Но не е нормално да се игнорираат некои факти, дека докторите во Омск направија се за да му го спасат животот и објавуваа болничка информација на неколку часови. Од Берлин сега пристигнуваат контрадикторни информации.

Мене ме загрижува тоа што, како еден сеуште недокажан случај се користи за да се продлабочи влошувањето на односите и да ги стави под ризик енергетските проекти од заеднички интерес. Јас сметам дека користењето на човечката несреќа за отворена политичка пропаганда е одвратно и зборува за лицемерието и за двојните стандарди!

Од друга страна Србија, која што има стратешки односи со Руската Федерација, но која што се стреми да биде дел од ЕУ, но и да има добри односи со Руската Федерација, со САД и со НР Кина.

Драгиња Влк – пратеник во градскиот парламент на Белград на својот Facebook профил напиша «Мене лично ме загрижува пропагандата и притисокот , кој што во последните неколку месеци се врши спрема Руската Федерација од западните држави и медиуми. Сериозните обвиненија и високите сценарија создадени со цел да се фрли сенка и дамка на сите добри дела кои што Руската Федерација ги направи за светската економија и глобалната безбедност, и таквите ситуации и сценарија како труење на лидерот на опозицијата, непризнавањето на успехот на руската вакцина против КОВИД-19, мешањето во внатрешните политики и работи на различни држави. Сето тоа зборува за тоа, дека западните медиуми користат маркетинг трикови. Најдобар доказ за тоа е ситуацијата со КОВИД-19.

Сите аналитичари, и секој што се разбира во почитика и се занимава со неа знаат дека во здраво општество, во истото е потребно да постои и опозиција, и тоа е добро како за власта, така и за развојот на општеството. Но опозиција со конкретни предлози и програми.“

Алексеј Навални – еден од лидерите на руската несистематска опозиција, борец против антикорупцијата, блогер е во центарот на европското внимание и на руско-европските односи почнувајќи од 20-ти август до денес. Од разврската на случајот околу него зависат руско-европските односи, руско-балканските односи како и нивниот развој, и на коњ се поставени мега енергетските проекти „Северен тек 2 и Турски тек“ и неговото продолжување низ балканските држави, како и репутацијата на Руската Федерација и на Германија.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!