Шилегов: Петре е пиjaндуpa – Терајте вмopончиња, далеку ќе стасате

Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов во свој стил, со краток коментар ги „пецна“ противниците од ВМРО-ДПМНЕ, откако денес на прес-конференција се најави дека дел од ИНТЕГРА ќе се пресели во партијата на Мицкоски.

ИНТЕГРА е партијата која со своите спотови во предизборната кампања го привлече вниманието, со интересните замисли, па беа „главни“ на Твитер во „освојувањето“ на НАСА и слични проекти.

Откако денес најавија дека дел од партијата се сели во ВМРО-ДПМНЕ, Петре Шилегов напиша:

„ДПМНЕ сателитска?“

Набрзо со одговор на ова се придодаде портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски, кој напиша „SDS алкохоличарска?“.

Не се чекаше долго, за нов одговор од Петре Шилегов. Еве што му врати на Стилковски:

Инспириран од “одговорот” на мојот претходен статус на ФБ на гласноговорникот дпмновски (а и коментарите на верната им простачка публика):

Кога си интелектуално инфериорен, кога немаш аргументи да одговориш, кога те боли вистината или кога едноставно немаш одговор на сопствената глупост, викаш: Петре е пијандура.

Јас тоа го читам: глуп сум (и тоа бајаги глуп кога е Шилегов во прашање), не знам како да му одговорам на Шилегов на фактите негови, мака ми е што не сум толку успешен, способен и паметен како него, па ај ќе викам дека Шилегов е пијандура …

Терајте вморончиња (а и некои други), далеку ќе стасате …

П.С. За да си портпарол на партија, треба бајаги да пораснеш. Висок и пораснат не е исто …

Коментари

коментари

error: Content is protected !!