сабота, 28 ноември, 2020

Акција на граѓани: СТОП за Тик Ток во Македонија

Младите кои ја користат социјалната мрежа и апликација „Тик-ток“ ги преминаа сите граници. Младо момче се шегува со вработени во брза помош за „популарност“.

Од службата за Брза помош велат дека ова не е ниту близу до бизарните повици што речиси секојдневно ги добиваат. Скопјани на 194 се јавуваат и ако нема струја за да дознаат каде да се обратат, а почесто се лаже оти имало сообраќајка.

-Пример се јавуваат ако не си го знаат бројот бидејќи им е нов, за да прашаат која аптека работи, вели Маргарета Атанасовска – Трипуновска – Итна медицинска помош.

Видеото погледнете го ОВДЕ.

Поради тоа, на социјалните мрежи се појави и петиција: „СТОП за TikTok во Македонија“ – линкот – ОВДЕ. На Фејсбук страната се споделуваат видеа, кои се против сите норми и бараат забрана на Тик Ток во Македонија.

-Група граѓани, револтирани од начинот на кој функционира апликацијата Тик Ток во Македонија, одлучивме да се соединиме и преку петиција да побараме УКИНУВАЊЕ на оваа апликација во Македонија.

Сите кои го делите нашето мислење поканете ги вашите пријатели и заедно да се избориме оваа иницијатива да биде успешна!, пишува во најавите.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!