недела, 20 септември, 2020

Јокиќ го реши Клиперс, НБА ќе доби нов шампион

Никола Јокиќ одигра феноменален натпревар, а во клучните моменти беше одличен со што Денвер остана во игра. Нагетси се соочуваа со елиминација.

Имаа минус од 16 поени и изгледаше дека по мечот во Колорадо ќе заврши полуфиналната серија на Западот. Но, тие не се предадоа. Денвер во лудиот финиш успеа да направи пресврт и да намалат на 3:2.

Нагетси одиграа одлична последна четвртина во која конечно успеаја да ја достигнат негативата, да направат пресврт и на крајот да слават. Последната делница ја добија во своја корист со 38:25.

Нагетси до победата ги водеа Џамал Мари и Никола Јокиќ. Мари постигна 26 поени, додека Јокиќ имаше 22 поени и 14 скока, а што е најважно погодуваше кога беше најпотребно и во последната четвртина одигра на врвно ниво, со што речиси самиот го реши натпреварот. На спротивната страна, Каваи Ленард уфрли 36 поени.

Од синоќа е јасно и дека Торонто Репторс нема да го бранат тронот. Имено, Бостон Селтикс во седмиот меч славеше со 92:87, елиминирајќи го актуелниот шампион и се пласираа во финалето на Истокот каде што ќе си ги одмери силите со тимот на Мајами Хит.

Во мајсторката се гледаше доста возбудлив и интересен натпревар. Торонто не се предаваше ни кога се чинеше дека Селтикси го решаваат мечот во своја корист, но сепак екипата од Бостон одигра одлична последна четвртина и дојде до победата.

Селтикси до триумфот ги водеше Татум со 29 поени и 12 скока.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!