недела, 20 септември, 2020

ФОТО: И забраниле влез во музеј – причината ќе ве изненади

Обезбедувањето на музејот „Орсеј“ во Париз забранило влез на една Французинка заради длабокото деколте, се додека не го покрила, пренесе „ Local France“.

Во постот кој го објави на Твитер, оваа жена пишува дека обезбедувањето од неа барало да облече јакна, и покрај високите летни температури.

Таа пишува дека двете жени од обезбедувањето, кои и забраниле да влезе, ги прашала зошто тоа што има длабоко деколте претставува проблем, но не добила никаков одговор а жените од обезбедувањето инсистирала на тоа дека се такви правилата.

Откако се согласила да облече јакна на жената и било овозможено да влезе во музејот.

Таа тврди дека во музејот видела дека многу жени носат облека која исто така открива повеќе од нивното тело, но дека „сите биле слаби со многу мали гради“.

Музејот Орсеј на Твитер објави пост во кој јавно и се извини на оваа жена наведувајќи дека се обидува да стапи во контакт со неа.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!