сабота, 19 септември, 2020

Страшно: Судијката Кларк ќе го тужи Ѓоковиќ – бара оштета од милиони поради „доживеан страв“

Најдобриот тенисер на светот Новак Ѓоковиќ е дисквалификуван од грен слем турнирот во САД откако случајно го погоди линискиот судија после загубениот гем за 6:5 во мечот за пласман во четвртфиналето против Пабло Карењо Буста.

Ѓоковиќ во намерата да го врати топчето кон едно од децата што ги собира, беше невнимателен и погоди жена која е линиски судија и падна на земја.

Ударот беше толку незгоден што таа почна тешко да дише. Нејзината здравствена состојба стана подобра после лекарската помош. Судиите и супервизорот се состанаа неколку минути, по што решија да го дисквалификуваат од турнирот првиот светски рекет.

Но, ова не е крај. Изгледа сето тоа е само нов процес во кој Ѓоковиќ наместо да се посвети на тениската кариера, ќе мора да се насочи на нешто сосема друго.

Иако веднаш по средбата, Ѓоковиќ како вистински џентламен и се извини, а притоа побара и од неговите фанови да не ја навредуваат, односно да ја прифатат целата ситуација како таква.

Сепак, она што го најавуваат медиумите во Америка дополнително ќе ги разгори страстите.

Лаура веќе подготвува тужба кон првиот светски рекет Ѓоковиќ за повреда и доживеан страв и за тоа ќе побара милионска оштета, затоа што е свесна дека Новак располага со огромно богатство.

На чија страна ќе застане судството, како и јавноста – останува да видиме.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!