недела, 20 септември, 2020

Серена Вилијамс со пресврт до полуфиналето на УС Опен

Долгата пауза очигледно добро и дојде на искусната американска тенисерка Серена Вилијамс, која ќе игра за новоГрен слем финале, овојпат на УС Опен. Ветеранката, иако го загуби првиот сет против Цветана Пиронкова, подобро заврши и со 2-1 ја елиминира Бугарката во четвртфиналето на турнирот.

Пиронкова го доби првиот сет со 6-4, но со тоа очигледно ја разлути Серена, која со 3-6 и 2-6 лесно се справи со ривалката. Во полуфиналето искусната тенисерка ќе игра против подобрата од дуелот меѓу Азаренка и Мертенс.

Вилијамс се бори за шанса за седма титула на отворениот турнир во Њујорк, таа веќе има по седум одличја од Австралија Опен и Вимблдон.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!