недела, 6 декември, 2020

Му се влошила состојбата: Боки 13 итно префрлен во болница

Бојан Јовановски, познат како Боки 13 утринава итно е пренесен во Клиниката за хируршки болести „Свети Наум Охридски“, или поранешна Градска болница во Скопје, пишува Фактор.

Боки 13 имал силно воспаление на желудецот, заради што му се прави операција.

И претходно, додека траеја судските рочишта Боки 13 чесо се жалеше дека има сериозни здравствени проблеми. На јавноста и е добро познат по случајот „Рекет“ во кој е осуден на 9 години затворска казна.

Тој досега поднесе кривични пријави за најмалку 30 лица во скопското обвинителствокои се поврзани со случаите „Рекет“ и „Меѓународен Сојуз“ и се однесуваат на злоупотреба на службената положба, несовесно лекување, измама, и така натаму.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!