недела, 20 септември, 2020

Честитки момци, по ремито со Грузија – награда од 30.000 евра за фудбалерите

Македонската фудбалска репрезентација одигра нерешено 1-1 на гостувањето кај Грузија, половина час игравме со фудбалер помалку откако Висар Муслиу престрого доби директен црвен картон. Македонија не успеа да ги освои трите бода од гостувањето кај Грузија, одигравме нерешено во меч кој треба брзо да се заборави.

За неубавиот фудбал улога има и теренот кој беше покриен со вода во најголемиот тек поради силниот дожд кој го зафати Тбилиси пред мечот. Освен постигнатиот гол, не успеавме да создадеме ниту една посериозна шанса за втор гол.

Грузија поведе уште во 13. минута со гол од пенал на Окриашвили. Прекршокот за најстрогата казна го направи Алиоски. 20 минути подоцна одлична акција на Македонија, Горан Пандев убаво го проигра Ристовски кој постигна гол за израмнување на 1-1. Во продолжението од мечот речиси и да немаше ништо, ние не создававме шанси, а ниту Грузијците не беа опасни кон голот на Шишковски. Спорен момент се случи во 64. минута кога Висар Муслиу престрого доби директен црвен картон, Македонија остана со фудбалер помалку до крајот на мечот.

Таквиот однос на силите на теренот допринесе Грузија да ја зголеми офанзивата, а ние чекавме од контра да го загрозиме нивниот гол. Најголемата и единствена вистинска шанса на мечот ја имаше Грузија во 95. минута кога Шангелија биеше одлично, но право во Шишковски кој ја спаси Македонија од пораз. По две одиграни кола Македонија и Грузија имаат по четири бода, Ерменија која денеска славеше над Естонија со 2-0 има три бода, а Естонците немаат бодови.

Добрата игра, борбеноста и освоениот бод со играч помалку, секако дека беше причина раководството на Фудбалската Федерација на Македонија да се реши за нова премија за нашите најдобри фудбалери. Па така како што дознаваме, бодот вечерва од Тбилиси ќе биде премиран со 30.000 евра, а ако ги сметаме и тие 30.000 евра за победата со Ерменија, тоа значи дека овие четири бода носат премија од вкупни 60.000 евра.

Да потсетиме дека во случај на прво место во втората група, во Ц- Лигата на Нации, ФФМ ќе ги награди репрезентативците со вкупна премија од 300.000 евра.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!