СЗО: Мислевте толку е, после корона-вирусот ќе има ДРУГА пандемија

Генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебрејесус, денес изјави дека светот мора да биде подобро подготвен за следната пандемија, повикувајќи ги земјите да инвестираат во јавното здравство.

„Ова нема да биде последна пандемија“, рече Тедрос на брифинг во Женева, објави Ројтерс.

Тој истакна дека историјата нè учи дека епидемиите и пандемиите се факт на животот.

„Но, кога ќе дојде следната пандемија, светот мора да биде подготвен – поподготвен отколку што беше овој пат“, рече Тедрос.

СЗО: Олабавувањето не мерките без контрола е рецепт за катастрофа

Генералниот директор на Светската здравствена организација, Тедрос Аданом Гебрејесус, денеска предупреди ограничувањата воведени за борбата против коронавирусот да не се ублажуваат прерано и посочи дека тоа е „рецепт за катастрофа“.

На редовниот брифинг во Женева тој кажа дека ако земјите се сериозни во однос на мерките за ублажување, тогаш, исто така, мора да бидат сериозни и во борбата против ширењето на инфекцијата и спасувањето на животите на луѓето.

Тој посочи дека постигнувањето на оваа рамнотежа може да изгледа невозможно, но не е така.

-Такво нешто веќе се случило и треба да се случи, но само доколку земјите воспостават контрола врз ширењето на инфекцијата, рече генералниот директор на СЗО.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!