Страотна случка утрово во Скопје: Се слушна силен тресок, па силен вресок и лелеци

Безбедно место ли е Скопје за живеење? Ова прашање се почесто си ги поставуваат сите оние кои секојдневно гледаат страшни случки во главниот град на државата.

Ситуацијата веќе излегува од контрола, никој не се чувствува безбедно и буваклно секој во секој еден момент очекува нешто лошо. Едноставно – Скопје веќе не е безбедно место за живеење.

Фото: Илустрација

Ова може да се прочита и сфати и од статусот на Деница Бојаровска, која се нашла во една ситуација, која крајно ја вознемири, а истата ја пренесе на социјалните мрежи.

Ви ја пренесуваме во целост:

Утрово се слушна силен тресок, па силен вресок и лелеци. Пак се судрија на раскрсницата каде се сечат улиците Никола Тесла и Бранислав Нушиќ. На 50 метри пред полицијата во Карпош.

Без да размислувам грабнав шише вода, хидроген и бетадине и трчам надоле по скали. Гледам две коли, отворени air bags, полициајци дотрчуваат, луѓе се собрале веќе во круг и прашувам: има ли некој повреден?? Еве го тука ела, ми велат.

Фото: Илустрација

Дечко, не повеќе од 30 години, лежи на асфалтот, сите стојат и го гледаат. На десната потколеница отворена рана со дијаметар од 15 cm, искината патика и очигледно сол сторено десно стапало. Му ја дезинфицирав раната, немам видено никогаш претходно таква повреда. Му дадов вода и шеќер.

Дечкото вика гневно: “Партал ме напраивте! Втор пат ме удираат, само стоев на тротоар, ни крив, ни должен.” Некој од терасите фрли перниче, му ја ставив под глава. Дотрча Пајо, донесе уште една перница за да ја потпреме ногата, завој и прибор за имобилизација на стапалото.

Во меѓувреме, чекаме “брза помош”. Нема да ја коментирам брзината на помошта, ни стручната помош што ја пружија. Нема да ги коментирам ни сите сеирџии што се собраа, ни полицајците што не му пружија професионална прва помош, за која сум сигурна дека поминале обука.

Бојан ќе биде добро, сигурна сум. Ќе има последици, но важно е жив.
Градов не е средина за живеење. И сите ние сме зомбиња што само негде брзаат. А нигде не стигаат.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!