недела, 20 септември, 2020

(ФОТО) Ноле доби јасна порака: Самка Ибраимоски даде коментар за целата ситуација

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ без никаква намера со топчето погоди во вратот на линиска судијка и на тој начин ја доживеа дисквалификацијата од УС ОПЕН.

Уште многу дилеми ќе има за тоа дали е престрога одлуката за дисквалификација на Новак Ѓоковиќ од гренслемот во Њујорк.

Погодената жена падна и се пожали дека не може да дише, па мораше да реагира и доктор. По 10-минутни консултации, судиите одлучија дека Ѓоковиќ мора да биде исклучен.

Челниците на Отвореното првенство на САД дадоа официјално објаснување за одлуката, а со своја реакција се јави и главниот арбитер на турнирот Сорен Фримел.

„Има два фактори – акција и резултат. Акција е тоа што иако немаше намера, доведе до резултат, а тоа е удирање на судијката со топчето во вратот. Факт е дека таа беше повредена. Тоа се главните фактори при донесувањето на конечната одлука. Новак потенцираше дека немал намера да повреди никого. Ми рече: „Да, лут бев и го удрив топчето кое ја погоди судијката. Фактите се тие, но јас немав намера да го направам тоа и мислам дека не треба да бидам дисквалификуван“. Сите се согласивме дека немало намера во целата ситуација, но факт е дека судијката беше погодена и дека беше повредена“, рече арбитерот Фримел, кој од минатата година е поставен за главен судија на овој гренслем.

Не е битно дали станува збор за најдобриот или за многу послаб играч. Правилата важат за сите.

„Не е важно за кој играч се работи и на кој терен се игра. Секогаш е најважно да се донесе вистинската одлука. Казнувањето на тенисерите е многу тешка одлука, но сите на теренот беа свесни за тоа каква беше ситуацијата“, додаде Фримел.

Најпознатиот американски спортски аналитичар Стивен Еј Смит ја коментираше одлуката на „УС Опен“ да го исфрли првиот светски рекет од турнирот.

– Новак случајно го погоди линискиот судија, тој дури и не погледна. Имаме глобална пандемија во моментов, каде што имате луѓе кои дури и не сакаа да учествуваат. А го имаме еден од најдобрите светски играчи, кој дојде да учествува кога тој не мораше. И бидејќи тој згреши, вие го исфрлате и го праќате дома во суштина. Вие мора да се шегувате. Вие мора да се шегувате! – рече Стивен Еј Смит.

Различни се мислењата, а секако во целата дебата се вклучи и поранешниот министер и пратеник во Македонија, Самка Ибраимоски, кој не остана должен и порача:

-Ѓоковиќ е светски првак, така лесно не може да се дисквалификува,- наипша Самка, а коментарот ви го пренесуваме со мала корекција, затоа што веројатно при брзање, направил неколку печатни грешки.

Иако нема многу познавања од областа на тенисот, барем не професионално, мислењето на Самка треба да се почитува.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!