недела, 20 септември, 2020

Ми ги одзеде бебето и мажот и доби условна казна – објава која ја разгневи Македонија

Тетовката Наташа Апостолоска која доживеа вистинска тpaгeдиjа на 12 октомври 2018 година кога нејзиниот сопруг 3aгина во тешка сообраќajна неcpеќа кај Млечен, во која беше повредена и самата Апостолоска, бурно реагира за денешната пресуда.

-Денеска во името на граѓаните на РСМ судијата Елена Илиевска Јосифовиќ при ОС Скопје 1 му изрече условна осуда на оној кој ми го одзеде сопругот на 32 години, бебето и мене ме остави со тешки телесни повреди!!! Само затоа што признал! Дно дна !!!, регира на Твитер оштетената Наташа Апостолоска од Тетово.

Во сообраќајката Апостолоска го загуби сопругот и нероденото бебе, а и самата се здобила со тешки телесни повреди.

Таа во коментари вели дека и самата е адвокат и дека е огорчена од пресудата во која виновникот кој и ги одзел и е причинител на несреќата е ослободен и нема да сноси никаква огдоворност.

-Едино образложение кое го даде судијата е дека признал, а тој не ни дојде денес, а ни од ОЈО не дојдоа. Се друго ќе образложеле во пресуда со тоа што ми потенцираше дека за штета и трошоци ќе ми досуделе, како да тоа ми значи во животот кога го изгубив најсаканото, животот- пишува Наташа.

Се поставува и прашањето дали случајот ќе оди на повисоко ниво по масовното споделување на оваа напревда на социјалнит мрежи. До овој момент нема најава за такво нешто.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!