четврток, 2 февруари, 2023

Крмов објави фотографија од неочекувано место и покажа каде ја троши својата пратеничка плата (ФОТО)

Пратеникот на Левица, кој во Собранието влезе преку Изборната единица 3, Борислав Крмов на својот Фејсбук профил сподели интересна фотографија, со уште поинтересна содржина и успеа да освои голем број на позитивни коментари.

Крмов е еден од најистакнатите членови на Левица, роден на 16.6.1981 година во Штип, каде завршил во ДСУ Гимназија „Славчо Стојменски“. Тој, заедно со лидерот на Левица, Димитар Апасиев, уште првиот ден на работа како пратеници заминаа пеш и со велосипеди, а истото ќе го прават и во продолжение, барем така најавија.

Дека сето тоа не е само реклама за првиот ден, докажува и најновата објава на Крмов, кој од автобуската станица во Скопје објави фотографија и напиша:

-Дома со автобус. Пратеничката плата е повеќе од доволна за да се покријат сите трошоци за пат, хранарина, престој во Скопје и плус да се донира 25% во Солидарниот фонд на Левица, што е наша партиска обврска.

Се друго е невидено безобразие и грабеж на оваа бедна и напатена земја. Ние не дојдовме тука да профитираме на грбот на народот, туку да бидеме неговиот глас во законодавниот дом!

Коментари

коментари

error: Content is protected !!