среда, 30 септември, 2020

Ќе оди ли Заев и двајца министри во самоизолација – Директор на јавно претпријатие позитивен на корона вирус

Директорот на јавното претпријатие „Камена река“ од Македонска Каменица, Влатко Андоновски попладнево на својот фејсбук профил објави дека е позитивен на Ковид-19.

-Чуствувам одговорност да Ве информирам дека по направениот тест за Ковид 19 сум позитивен.

Во сабота имав одредени симптоми по што во разговор со матичниот лекар одлучивме да се тестирам, за жал излезе позитивен, следуваат денови на изолација и борба која заедно со мојата фамилија знам дека ќе ја добиеме.

Апелирам до сите вас и при најмали симптоми да се консолтирате со вашиот лекар, бидејќи само така ќе го спречиме ширењето на оваа болест, НЕМОЈТЕ ДА ПРЕВЗЕМАТЕ НИШТО НА СВОЈА РАКА, оставете тоа да го прават стручните лица за вас.

Останете во добро здравје и почитувајте ги мерките.

Само ден порано, Андоновски се сретнал со премиерот Зоран Заев, министерот Венко Филипче, новиот вицепремиер, Љупчо Николовски и други владини функционери кои го посетија малото рударско гратче на „Денот на рударите“

Коментари

коментари

error: Content is protected !!