понеделник, 18 октомври, 2021

Тажна вест: На само 38 години повратник од Македонија во Германија почина од коpона вирус

Бројот на новозаразени со коронавирусот во Германија во последните 24 часа е 1.218, со што вкупниот број на потврдени случаи достигна 243.599.

Институтот за инфективни болести Роберт Кох соопшти дека во последното деноноќие починале уште четири пациенти со Ковид-19, со што бројот на cмpтни случаи од почетокот на пандемијата се зголеми на 9.302.

Mаж на возраст од 38 години почина во универзитетската болница во Есен по едномесечна битка со коронавирусот по враќањето од Македонија во Германија, пренесува „Експрес“.

Повратникот со живеалиште во градот Нојс во покраината Северна Рајна Вестфалија немал претходни болести, соопшти портпаролот на округот Рајн-Крајс Нојс, Бенјамин Јозефс.

Кога влегол во Германија на 2 август човекот имал симптоми типични за корона, што го потврдил и тестот на кој бил позитивен. Болеста била толку сериозна што човекот од Нојс починал.

Германската влада ги ублажи лошите економски проекции за пад на БДП. Корона криза треба да предизвика помала штета на германската економија отколку што првично се стравувало, проценува берлинската влада, предвидувајќи поблаг пад на БДП оваа година, но и послабо закрепнување во 2021 година.

Владата сега проценува дека германскиот БДП годинава ќе падне за 5,8 проценти. Во април предвиделе пад од 6,3 проценти.

Министерот за економија Питер Алтмаер денеска во Берлин изјави дека последиците од пандемијата во првата половина на годината не се толку изразени и закрепнувањето е „побрзо и подинамично“ отколку што се очекувало.

Германската влада ги ублажи лошите економски проекции за пад на БДП

Корона криза треба да предизвика помала штета на германската економија отколку што првично се стравувало, проценува берлинската влада, предвидувајќи поблаг пад на БДП оваа година, но и послабо закрепнување во 2021 година.

Владата сега проценува дека германскиот БДП годинава ќе падне за 5,8 проценти. Во април предвиделе пад од 6,3 проценти.

Министерот за економија Питер Алтмаер денеска во Берлин изјави дека последиците од пандемијата во првата половина на годината не се толку изразени и закрепнувањето е „побрзо и подинамично“ отколку што се очекувало.

И покрај малата корекција, рецесијата е сè уште најдлабока од Втората светска војна.

Алтмаер ја истакна силата на германската економија во периодот пред пандемијата, додавајќи дека, сепак, последиците од здравствената криза остануваат многу големи.

Владата, според него, предвидува закрепнување на економијата во 2021 година, но не толку силно како што првично предвидувале.

Економијата се очекува да порасне за 4,4 проценти следната година, за 0,8 процентни поени послаба од претходно проценетата.

Подобрените изгледи за оваа година се засноваат на претпоставката дека Германија ќе избегне втор бран на економско затворање, а Алтмаер верува дека тоа е можно.

Пандемијата ја погоди германската економија со полна сила во вториот квартал, кога мерките за затворање и карантинот предизвикаа штета врз индустријата и личната потрошувачка, што резултира со пад на бруто домашниот производ (БДП) за 9,7 проценти од првиот квартал на оваа година.

Владата неодамна го продолжи спроведувањето на програмите со скратено работно време до крајот на следната година во обид да се зачуваат работните места.

Во јуни, според податоците на Федералната агенција за труд (БАА), бројот на оние што бараа државна помош за надомест на плата се намалил на 5,36 милиони, од 5,82 милиони еден месец порано.

Агенцијата исто така објави дека стапката на невработеност во август се зголемила за 0,1 процентен поен во споредба со претходниот месец, на 6,4 проценти, а таквиот раст, како што велат, е чест во овој период од годината.

Во Германија, околу 2,95 милиони луѓе биле без работа во август, 45,000 повеќе отколку во јули и 636,000 повеќе отколку во истиот месец минатата година.

“Невработеноста во август порасна со вообичаената стапка. Затоа, немаше понатамошно зголемување на бројот на невработени поврзани со корона кризата на која бевме сведоци во јули”, рече Детлеф Шиле, шеф на Федералната агенција за труд.„Сепак, последиците од пандемијата на пазарот на трудот сè уште силно се чувствуваат “, додаде тој.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!