ФОТО: Мислеше ќе ужива – Елена Ристеска со кренати нозе фатена крај базен од папарацо

Нашата позната пејачка Елена Ристеска во изминатиот период малку ја промени професијата, па сега претежно времето го троши на промоција на својата козметичка линија ЕРА, како и машкиот и женскиот парфем од својот бренд.

Секое лето Елена имаше можност и летуваше надвор од нашата држава, но овојпат поради ситуацијата со корона вирусот, едноставно мора да се остане во рамките од државата.

Таа остана во Македонија, а на топлите температури се одлучи да се разлади крај базен, но и таму не остана сама. Зошто? Ја фотографирал папарацо, како што откри самата таа.

Ристеска во принцип ретко споделува моменти од приватниот живот на социјалните мрежи, успешно своите лични работи ги крие од медиумите, но овојпат мораше да се предаде пред неочекуваниот гостин.

Елена ги сподели фотографиите на Инстаграм, објаснувајќи дека истите се направени од папарацот.

Таа наместо костим за капење носи црно кратко фустанче, на кое без проблем ги сонча нозете и грбот. Откако Елена се изненади на првата фотографија, на следните две само срамежливо се насмеа и ги крена нозете.

Истите фотографии се многу лајкнувани и коментирани на Инстаграм. Под нив во опис Елена само напиша „Папарацо“.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!