среда, 1 декември, 2021

Претседателот на Сојузот на средношколци Ходаи: Жал ми е за вас – сите што ме навредувате

Претседателот на Сојузот на средношколци, Бленди Ходаи во изминатите денови добива низа брутални закани кои содржат говор на омраза, по тој повод, денес се огласи и самиот тој.

Упати порака до сите кои го навредуваат, објаснувајќи и како и на кој начин функционира Сојузот на средношколци. Во продолжение ви го пренесуваме неговото обраќање.

-Жал ми e за вас што скоро секој ден ме навредувате, ме напаѓате и ме линчирате мене и Сојузот без воопшто да нe познавате. Не кажувате ништо посебно освен нивото во кое се наоѓате.

Чисто информативно, за да знаете и да не бидете неуки во текот на целиот ваш живот:ССРСМ е непрофитно, независно, непартиско ученичко движење, основано во ноември 2017 во Тетово.

Сојузот има платформа за обединување на сите средношколци во едно силно средшнолско движење.

-ССРСМ за прв пат во историјата на Македонија, ги обедини сите ученици без разлика на етничкиот, верскиот и економскиот бекграунд кои тие го имаат.

За прв пат во историјата на ученичките движења на РСМ, ССРСМ успеа да дејствува во 17 градови во земјата со 500+ учесници и 47 застапници.

Гласот на учениците на РСМ никогаш не било толку факторизиран фактор на државно ниво.

Денес благодарение на залагањата на ССРСМ, средношколците се учесници во националните образовни политики.

Како никогаш до сега, Премиерот, Министерката за образование, Министерот за здравство (отн), се консилтираат со Унијата на средношколците за безбедно отворање на училиштата.

Сојузот на средношкплците има подготвено манифесто за соодветни реформи во образованието со над 75 барања и препораки за образовните институции и Владата.

Средношколците веќе се претставувани и во меѓународната сцена од страна на Сојузот на средношколците, имајки десетина состаноци со дипломати и амбасадори од Европските земји и САД.

Деновиве, проблемите на средношколците можете да ги најдете секој ден по медиуми.

Овие и многу други достигнувања се реализирани во текот на моето раководење со Сојузот, нормално имајки со себе еден извонреден стаф од ученици (потпретседателите Leutrim Bilali и Vanesa Krsteva; Секретарката Ana Marija Petkovska; Советниците Luka Pavikevik, Naser Veliu, Kalina Kaczorowska, Sara Shaqiri, Emir и Dejana; PR Amar)

Затоа кога ке станете синоним на успехот, храброста, упорноста за барањата тогаш можете да зборите против нас.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!