БОМБА: Меси оди кај својот стар пријател – дуото кое ја покори Европа

Низ интернет страниците во светот кружи документот кој аргентинската ѕвезда Лионел Меси го испратил до раководството на Барселона во кој бара да биде раскинат договорот меѓу двете страни. Информациите дека Меси планира заминување беше потврдено синоќа, Аргентинецот не сака повеќе да остане на „Ноу Камп“. И после разговорот со новиот тренер Роналд Куман, Меси чувствува дека Барселона нема сериозен проект за во иднина.

Со ова писмо упатено до претседателот Жозеп Марија Бартомеу, Меси бара да му биде раскинат договорот и дека од приватни причини одлучил да преземе ваков чекор.

Меси има договор со Барса до летото 2021 но исто така и клаузула според која може еднострано да го прекине договорот на крајот на сезоната. Поради пандемијата со коронавирусот сезоната се оддолжи па заврши во август, по финалето на ЛШ.

После случувањата во Барса оваа сезона, бунтот со кратење на платите, па колапсот во шпанската Ла Лига, па фијаското во Лигата на шампионите, Аргентинецот процени дека Барселона веќе не е тоа што беше, па сака што е можно побргу да го напушти бродот.

Дел од медиумите пренесуваат како е можна опцијата Меси да отиде во Италија, во Серија А кај својот најголем ривал Кристијано Роналдо и заедно со Јувентус да се обидат да ја освојат Лигата на Шампионите. Некои пренесуваат и како Интер е силно заинтресиран за Меси и ќе направи се што може да го ангажираат Аргентинецот.

Сепак, утрово еден од најдобрите спортски новинари во светот, кој прв ја пренесе информацијата за премин на Нејмар во ПСЖ, тврди дека Меси е најблизу до Премиер лигата.

Според неговите информации, Пеп Гвардиола успеал да го убеди Меси да потпише со Манчестер Сити. Ако ова се реализира, двоецот Меси-Гвардиола повторно ќе тргне во акција да ја покори Европа.

Претседателот на Барселона поднесе оставка!?

Претседателот на Барселона, Жозеп Бартомеу, си поднесе оставка.

Оваа информација прво ја пренесе TyC Sports, а потоа ја потврди Мундо Депортиво.

Оставката на Бартомеу следеше по барањето на Лионел Меси за раскинување на неговиот договор со каталонскиот клуб.

Тој, наводно, не е единствениот што си дал оставка, и некои други членови на одбор го сториле тоа.

Бартомеу беше назначен за претседател на Барселона во јануари 2014 година, наследувајќи го на таа позиција Сандро Росел.

На оваа оставка и предходеше најавата дека Лионел Меси по 20 години ќе ја напушти Барселона, пишуваат медиумите од Шпанија.

Новинарот Алфредо Мартинез на Твитер објави дека Меси побарал по факс раскинување на неговиот договор со Барселона.

Шпанските медиуми објавија дека Меси го побарал претседателот на Барселона, Жозеп Бартомеу и лично го информирал за неговата одлука.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!