понеделник, 19 април, 2021

ДАЛИ Е МОЖНО – Пратениците нема да земат плата за август

На почетокот на седницата Гордана Силјановска од ВМРО-ДПМНЕ побара доколку Џафери е предлог за претседател на Собранието, седницата да ја води некој од замениците.

Во моментов во законодавниот дом се одржува продолжението на конститутивната седница на која Талат Џафери, досегашниот спикер, треба повторно да биде избран за претседател на Собранието.

На почетокот на седницата Гордана Силјановска од ВМРО-ДПМНЕ побара доколку Џафери е предлог за претседател на Собранието, седницата да ја води некој од замениците.

Пратеничката Гордана Силјановска од редовите на ВМРО-ДПМНЕ го искритикува Талат Џафери затоа што во последен момент ја закажал седницата, а не неколку дена претходно како што било ред.

-Собранието се конституира со избор на претседател на Собранието. Ние се информиравме од медиумите. Мислам дека и претседавачот треба да води сметка за Деловникот и не е ексклузивен во диктирање на условите. Не може да ги откажува и закажува кога сака. Честитки за внукот, но тоа не е причина за откажување на седницата. Ако можат мајките да не присуствуваат на мекиците, тогаш може и без дедото – истакна Силјановска.

Предлогот за избор на Џафери е поднесен во Собранието со потписи од сите 62 пратеника парламентарното мнозинство што го сочинуваат СДСМ и Коалицијата „Можеме” со Беса, ДУИ и ДПА.

Петседателот на Собранието се избира со најмалку 61 глас од вкупниот број пратеници.

Поради пандемијата, конститутивната седница се одржува под посебни здравствени околности. На присутните во Собранието при влезот во зградата им беше мерена телесна температура, а на сите влезови се поставени средства за дезинфекција.

Пратениците во новиот собраниски состав, но и службите во парламентот, може да останат без плата за август доколку до 26-ти овој месец не се формира Комисијата за избори и именувања, предупреди денес на продолжението на конститутивната собраниската седница, претседавачот Талат Џафери.

Тој на почетокот на продолжението на седницата рече дека нема предлог кандидати за оваа важна собраниска комисија во чија надлежнст се и статутарните прашања на пратениците, и тој предложи да се продолжи со избор на Претседател на Собранието.

Поради пандемијата, конститутивната седница се одржува под посебни здравствени околности. На присутните во Собранието при влезот во зградата им беше мерена телесна температура, а на сите влезови се поставени средства за дезинфекција.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!