Белорусија – што понатаму?

Во Белорусија со денови траат протестите против резултатите од последните претседателски избори. Но протестите полека спласнуваат и губат на интензитет, или се работи за затишје пред бура. После првичниот шок од протестите Лукашенко и државната машинерија полека ја враќаат иницијативата во свои раце. Лукашенко сеуште цврсто ја држи власта во свои раце и нема намера да се предаде. Тој повика на повторно броење на гласовите од изборите, и на подготвување на нов устав заедно со целото општество во Белорусија, но опозицијата се откажа од повторно броење на гласовите. Тој изјави дека после донесувањето на новиот устав тој ќе се повлече и ќе се оддржат нови избори.

Александар Лукашенко кој што 26 години е на власт во Беларусија важи за „политичка лисица“, и тој успешно маневрираше во изминатите 20 години на геополитичкиот простор на бившиот СССР се до неодамна.

Внатрешната ситуација во Беларусија треба да се анализира и од историски и од геополитички аспект. Историски, западните делови од Белорусија биле дел од Речи Посполита (Кралството помеѓу Полска и Литванија), додека најголемиот дел од Беларусија била дел од Руската Империја. Од геополитички аспект, Беларусија е од голема важност за Руската Федерација, а во поново време и за НР Кина. Полска и Литванија имаат спорадични интереси во Беларусија, кои пред се се насочени против Руската Федерација.

Што имаме во моментот:опозицијата не е обединета. Тихановскаја не е роден лидер, нема харизма. Таа е само преоден кандидат. Главните опозиционери во Белорусија дел се во затвор (мажот на Тихановскаја и двајца други видни опозиционери), а дел се во Руската Федерација

ЕУ и САД не ги признаа изборите. Руската Федерација не испрати набљудувачи на изборите

најголем проблем за Лукашенко е тоа што ја препушти иницијативата во виртуелниот простор, пред се Телеграм, и првичната бруталност од страна на полицијата спрема демонстрантите. Полицијата и безбедносните структури ја сменија тактиката, и министерот за внатрешни работи изјави дека сите припадници на безбедносните служби кои што ги пречекориле своите овластувања ќе одговараат

Лукашенко сам го создаде и билдаше белорускиот национализам кој што денес му се одби од глава

факт е дека Лукашенко владее со цврста рака за што тој самиот и изјави пред демонстрантите, но и дека тој успеа да ги сочува најголем дел од социјалните функции и индустријата на СССР во Беларусија. Просечната плата во Белорусија се движи околу 500 долари

промените во внатрешното уредување и економијата на Беларусија се нужни, исто и како работата на социјалните лифтови. Тоа веќе го разбра и Лукашенко и е готов на тие промени

Лукашенко стана проблем Руската Федерација и во помал степен тој е долгогодишен проблем за ЕУ. Во Белорусија има воени објекти кои што се од критична важност за Руската Федерација

дотациите и субвенциите од страна за Руската Федерација за Беларусија годишно се движеле од 11 до 27% од БДП на Беларусија во изминативе 15 години. Руската Федерација во Беларусија има инвестирано околу 200 милијарди долари за изминатите 15 години

во последните 5 години НР Кина е главниот кредитор на Белорусија. НР Кина ја гледа Белорусија како склад и мост за кинеската продукција на патот до ЕУ. НР Кина и Белорусија развија сојузнички врски во сферата на одбраната

Руската Федерација, Германија, НР Кина и Франција не се заинтересирани за дестабилизирање на Беларусија. Тие се за решавање на проблемот по институционален пат. САД, Велика Британија, Полска, Литванија и Украина се за дестабилизирање на Беларусија

санкциите од ЕУ и САД нема да вродат со плод. Белорусија е под санкции од ЕУ и САД повеќе од 15 години. Главна артерија и пазар за Белорусија е огромниот руски пазар, и пазарот на ЕвроАзиската унија

проектот на Лукашенко за дистанцирање од Руската Федерација и доближување до Западот во последните 5 години доживеа фијаско. Успешен се покажа проектот за сближување со НР Кина

почнувајќи од 2009 година односите помеѓу Белорусија и Руската Федерација се на релација топло ладно. Лукашенко ги користеше сите бенефити кои што му ги даваше Москва, а за возврат не ги исполни барањата и сојузничките обврски спрема Руската Федерација

Рускиот фактор е пресуден во Белорусија. Најверојатно под палка на Руската Федерација ќе започнат преговори внатре во институциите и се да се реши по институционален пат

Руската Федерација нема да дозволи уште една Украина на своите граници

Пишува: Дарко Тодоровски

Коментари

коментари

error: Content is protected !!