Штип ќе добие нов градоначалник: Бочварски станува министер, исто како и Јагода Шахпаска?

Вечерва со почеток во 20 часот, Зоран Заев пред своите сопартијци ќе ги образложи идните чекори на новата Влада, ќе разговараат и за договорот со ДУИ и Али Ахмети односно ДПА и Мендух Тачи.

Повеќе неофицијални информации кружат меѓу врвот на раководството на партијата, но оние што се најсвежи и најнови, но и релевантни велат дека Штип ќе остане без градоначалник, барем без актуелниот, затоа што тој ќе добие министерска позиција.

Благој Бочварски е татко на Штип, но ако може да им се верува на дел од неофицијалните информации, тој ќе се префрли во министерството за транспорт и врски.

Промени ќе има и во другите ресори. Мила Царовска од труд и социјала ќе го преземе министерството за образование и наука, додека Бојан Маричиќ ќе биде министер за правда.

Рената Дескоска нема да добие ресор, бидејќи и самата барала да се повлече од големите и битни игри. Јагода Шахпаска ќе биде министер за труд и социјална политика. Фатмир Битиќи ќе биде вицепремиер за економски прашања.

Ова се само неофицијални информации, за истите ќе дознаеме многу брзо.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!